Економистите не се загрижени од изборните резултати во Германија
Големиот успех на крајно десничарската и антиимигрантска партија Алтернатива за Германија на вчерашните избори на кои таа влезе во три покраински парламенти и на трите избори освои двоцифрен број гласови не е закана за германската економија тврдат економистите.
Успехот на АФД кој се должи на незадоволството на граѓаните од политикат ана отворени врати за бегалците на канцеларката Меркел е „повик за будење“ смета претседателот на германската асоцијација на мали и средни претпријатија Марио Оховен. Тој смета дека изборните резултати, и покрај тоа што АФД во Саксонија Анхалт освои фантастични 21,5 отсто од гласовите не може да има негативна последица за Германија како бизнис центар.
Според директорот во „Беренберг“ банката Холгер Шмидлунг успехот на АФД нема да ги обесхрабри инвеститорите затоа што во големата слика Германија сеуште е една од најстабилните европски економии.
„Ние сме загрижени од можниот „Брегзит“, од силата на Марин Ле Пен во Франција и од евентуалнниот протекционизам што би можел да го донесат американските претседателски избори. Политичките ризици сега не се високо на нашата агенда“, вели Шимдлунг, пренесува Дојче Веле. За него успехот на АФД не е неочекуван за инвеститорите затоа што секаде во Европа има раст на популарността на крајните десничари.
Ново на Сител
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути