„Еко- живот“ од Кавадарци во меѓународен проект за заштита на животната средина
Регионалното еколошко друштво „Еко-живот“ од Кавадарци беше дел од меѓународен проект за заштита на животната средина.
Претседателот на друштвото Роберто Паризов денеска појасни дека овој еколошки центар на проектот соработувал со програмата „Еразмус+“ од Романија.
- Оваа еколошка организација и член на Друштвото на екологистите на Македонија, во рамките на проектот, со свои претставници учествуваше и на меѓународниот семинар за зачувување и унапредување на човековата околина кој деновиве се одржа во Романија, рече Паризов.
Владимир Маневски, еден од основачите на друштвото и координатор истакна дека главниот акцент на семинарот бил „редуцирање, реупотреба, рециклирање”.
- Едукацијата од страна на предавачите беше со примена на видео материјали, интерактивна настава, како и настава во природа. Исто така во рамки на семинарот беа организирани и работилници, на кои учесниците практично ги запознаваа начините за реупотреба на веќе претходно користените добра. Целта на семинарот беше подигање на јавната свест и пренесување на искуства како да се редуцира употребата на природните ресурси, реупотреба на искористените добра, како и рециклирање на претходно селектираниот отпад, рече Маневски.
Здобиените искуства, додаде, екологистите како главен двигател, ќе ги пренесат на пошироката јавност, посебно на помладите генерации.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево