-->
-->
Еден загинат и двајца повредени во судир меѓу машина за сечење дрва и мотоцикл во Скопје
-->
Вчера околу 19 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје, соопштуваат од МВР.
На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети