ДЗС: Собранието ќе реши кои прашања ќе ги има во Пописот 2020
Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во Пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието на Република Македонија со доенeсување на Законот за Попис 2020, истакнуваат од Државниот завод за статистика отфрлајќи ги како шпекулации сите тврдења дека следниот Попис на население ќе биде без прашањето за етничка припадност се шпекулации.
Во соопштението од Државниот завод за статистика стои дека во процесот на подготовка на претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2020, Државниот завод за статистика минатата година започна широка јавна дебата во однос на предложените решенија за прашањата што ќе бидат вклучени во Пописот, но и за организациско-техничките аспекти на претстојниот Попис.
-Во овие дебати Заводот, како професионална и стручна институција од областа на статистиката и единствено надлежна за спроведување на Попис на населението, ги даде своите предлози меѓу кои и предлогот пописниот образец да не го содржи прашањето за етничка припадност. Овој предлог е вклучен и во Предлог-законот за Попис кој беше ставен на јавна расправа, а и доставен до сите релевантни институции за забелешки и сугестии, наведуваат од Државниот завод за статистика.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци