„Џонсон Мети“ од Македонија во првите 100 компании со најголеми приходи во ЈИЕ во 2016
- Компанијата „Џонсон Мети“ е единствената компанија од Македонија која е рангирана меѓу првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година во Југостична Европа.
Во годинашното издание на „Топ 100 од Југоисточна Европа“ што го изработува „СиЊуз“ провајдерот на деловни информации, се наведува дека компанијата ги подобрила своите перформанси, издигнувајќи се од 24 место во 2016 година на 17 место оваа година, со 12 отсто во вкупниот приход.
Меѓу 100-те најголеми банки во ЈИЕ се пет македонски кредитори, од кои Комерцијална банка а.д. е рангирана на 45. место, додека од петте осигурителни компании од Македонија како дел од стоте најголеми во регионот, „Триглав осигурување“ е рангирана на 71 место.
„СиЊуз“ веќе десет години објавува годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.
Во извештајот се наведува дека растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа во 2016 година.
- Економските поттикнувачки фактори беа од корист за повеќето трговци и произведувачи на возила – двете индустрии кои се најосетливи на промени во расположливиот доход, како и на потрошувачкото расположение. Истовремено, големите нафтени и гасни компании, кои традиционално доминираат во рангирањето на најголеми компании во регионот, продолжија да работат со загуби, што влијаеше на вкупниот приход на учесниците на „ТОП 100 од ЈИЕ листата. Комбинираната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39 проценти во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето, стои во извештајот.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори