-->
-->
Џафери, Кирацовски и Манчевски ќе сведочат за нападот врз Села
-->
- Претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски, претпладнево дојдоа во Кривичниот суд за да сведочат во процесот за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.
Дел од медиумите во пресрет на денешното рочиште објавија дека како сведок е поканет и премиерот Зоран Заев, но тој досега не се појави во судот.
На претходните рочишта сведочеа неколку сведоци, меѓу кои и Зијадин Села. Тие зборуваа за случувањата и насилството што се случи врз Села на 27 април 2017 година кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието на РМ.
Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
На претходните рочишта обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.
За овој предмет, месецов се закажани пет рочишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!