Џачка: Мислам дека наскоро ќе видиме дека ЕУ е навистина институција што сака да не прифати
Министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, денеска изјави дека Европската унија во последно време носи одлуки кои се повеќе политички мотивирани и помалку рационални кога станува збор за политиката за проширување на ЕУ, пренесоа албанските медиуми.
Таа го изјави тоа на министерскиот панел во рамки на Балканскиот форум што се одржува во Будимпешта, на кој учествуваат шефовите на дипломатиите на Србија, Ивица Дачиќ, Унгарија, Петер Сијарто и Северна Македонија, Бујар Османи.
-ЕУ мора да биде свесна дека е профитабилно да се вклучат членови од Западен Балкан кои би биле еден вид штит од можни безбедносни закани. Имаме италијански и грчки партнери кои го велат истото (како и Унгарија) дека најважно е земјите од Западен Балкан да бидат вклучени во процесите на ЕУ. И да бидеме на мапата на ЕУ, изјави Џачка.
Таа додаде и дека е важно земјите од Западен Балкан активно да се вклучат и да вложат максимална сила и да покажат иницијатива и волја за влез во ЕУ.
-За време на Самитот во Тирана имаше сигнали дека доаѓаат сериозни промени за целиот регион. Имаме и други позитивни сигнали и мислам дека ќе успееме да ги забрзаме пристапните текови. Мислам дека наскоро ќе видиме дека ЕУ е навистина институција која сака да не прифати, рече Џачка.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок