Две лица осомничени за разбојништво во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво.
Како што информираат од Обвинителството, двајцата осомничени на 4 август влегле во продажен салон за бела техника и апарати на улицата „Ѓорче Петров“ и на тројцата вработени им се заканиле со автоматска пушка и пиштол.
Од продажниот салон противправно одзеле 96.000 денари и 20 мобилни телефони. По извршеното разбојништво, во автомобил со регистарски таблички од друго возило, осомничените го напуштиле местото и се упатиле кон Сарај.
Притоа биле забележани од полициски службеници кои неколкупати се обиделе да го сопрат возилото, но осомничените ја зголемувале брзината. Во близина на мостот Сарај, на излез од Скопје, биле запрени и лишени од слобода.
-За едниот сомничен јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, додека другиот осомничен се наоѓа на издржување на казна затвор за друго кривично дело во КПУ Прилеп, се наведува во соопштението од ОЈО.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија