Две езера во Аргентина мистериозно станаа розови
Две езера во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина станаа флуоресцентни розови поради се уште необјасниви причини, за кои локалните екологисти стравуваат дека можат да бидат предизвикани од индустриска контаминација.
Езерата, лоцирани во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев, се наоѓаат на рамнина Патагонија. На официјалната страница на Општината Трелеу се наведува дека службениците неодамна наишле на камион кој фрлал отпад во езерата.
Аргеннтинските власти имаат спротивставени мислења дали промената на бојата на езерата е штетна, но еколозите се многу загрижени, бидејќи претпоставуваат дека обоеноста на езерата потекнува од бојата што компанијата во близина ја користи за одгледување на ракчиња.
Еколозите пртедупредуваат дека обоеноста на езерата покажува дека лошо се раководело со отпадот.
Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните оштетувања на езерата, но се уште немаат донесено заклучоци.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата