-->
-->
Двајца загинати и четворица повредени лица во вооружен напад во трговски центар во Ајдахо
-->
– Две лица загинаа, а четворица други се повредени во пукање во трговски центар во Боис, град во северозападниот дел на САД, соопшти локалната полиција.
-Осомничениот убиец, кој се чини дека дејствувал сам, е уапсен и исклучена е каква било опасност за населението, изјави Рајан Ли, началник на полицијата во Боис, главен и најголем град во државата Ајдахо.
Полицијата разменила истрели со осомничениот при што е повреден еден полицаец.
Не се соопштуваат детали за идентитетот на жртвите или здравствената состојба на четворицата повредени, ниту за мотивите на убиецот.
Пукањата се многу честа појава во САД, особено во училишта, супермаркети или на работно место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници