Балкан
3. November 2023 - 14:35

Двајца загинати, еден повреден во несреќа во рудникот за сепарација на јаглен Лубница кај Зајечар

Две лица загинаа, а едно е повредено на сепарација при чистењето на бункерот со ситен јаглен во рудникот за лигнит Лубница кај Зајечар, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за рударство и енергетика соопшти дека инспекцијата ќе излезе на лице место, каде се упати и ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Несреќата се случила во 10.

30 часот, а еден повреден работник е прфрлен во Здравствениот дом во Зајечар. На лице место е и Итната помош и обвинител од Основното јавно обвинителство во Зајечар.

Рудникот за лигнит работи во состав на јавното претпријатие за подземна експлотација на јаглен, „ресавица“.