Двајца тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово - Гостивар
Две лица се тешко повредени откако „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал И.А.(38) од Боговиње загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила денеска околу 14 часот и 10 минути на автопатот Скопје - Тетово - Гостивар во близина на Брвеничкиот надвозник.
- Од излетувањето и превртувањето, возачот и неговиот сопатник Р.Е.(46) од Камењане здобиле телесни и тешки повреди и со медицинско возило се пренесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите на грбот, сопатникот ќе биде префрлен на скопските клиники, додека возачот е задржан на натамошно лекување во Тетово, изјави Јосифовски.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Засега се смета дека причина е неприлагодена брзина на патот.
Вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари.
Ново на Сител
-
ЦУК: 7-годишно дете, две жени и маж спасени со чамец од Пчиња
-
Средба за соработка помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ
-
Бислимовски: Работиме на продолжување на евтината тарифа на струјата за уште еден час
-
Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско - струшки регион
-
Макрон ја започнува тридневната посета на Германија
-
Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
-
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
-
Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи