Македонија
19. August 2015 - 8:54

Дваесет тони домати фалсификувани како македонски производи уништени во Русија

 Руските власти во Калинград уништиле речиси 20 тони домати со потекло од Република Чешка, кои биле означени со македонски сертификат, јавија чешките медиуми.

Уништувањето на производите било извршено откако македонските органи се дистанцирале од стоката која потоа била отфрлена како нелегален увоз.

Чешката Република за разлика од Македонија се наоѓа на листата на земји опфатени со руското ембарго за прехранбени производи, декларирано како противмерка за воведените санкции од ЕУ и САД кон Руската Федерација поради случувањата во Украина.