Дукоски: Починатиот притвореник делел бања со Боки 13, утрешното судењето „Рекет“ мора да се одложи
Адвокатот Сашко Дукоски кој е бранител на првообвинетиот Бојан Јовановски, за предметот „Рекет“, јавно прашува како судот планира да го одржи утрешното рочиште, после смртта на притвореникот во истражниот затвор „Скопје“, за кој денеска министерот за здравство Венко Филипче информираше дека починал од коронавирусот.
Доколку се одржи судењето „Рекет“, вели Дуковски, на тој начин би се загрозил животот на сите кои се вклучени во процесот.
Притвореникот кој почина бил еден спрат под ќелијата на Бојан Јовановски. Се бањале во иста бања, храна им носеле исти командири и сл. Наместо да биде во изолација, денеска беше донесен на судење. Контактирав со него. Замислете, што ќе се случи доколку е недај боже заболен. Сите што бевме во судницата постои ризик да сме заразени, вели Дукоски, кој истакнува дека утрешното судење мора да биде одложено.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево