ДУИ го одложи Конгресот по реализацијата на Преспанскиот договор
Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција на седницата одржана на 31 август 2018 година во Скопје едногласно донесе одлука за пролонгирање на петиот Конгрес на партијата.
Членовите на Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција оценија дека сите свои капацитети оваа година, ДУИ ги посвети на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанскиот договор, добивањето на поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со Европската Унија.
Заокружувањето на овој процес со успешното одржување на референдумот и уставните измени е од приоритетна апсолутна важност за Демократската Унија за Интеграција и граѓаните.
По успешното заокружување на овие обврски и очекувањата на граѓаните, Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција повторно ќе одржи состанок за да донесе одлука за одржување на Конгресот и да изготви стратегија за градење на ДУИ за следните две децении.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите