ДС поднесе предлог-закон за една изборна единица
Демократскиот соjуз до Собранието денеска достави Предлог-закон за изменување на изборниот законик, со кој се бара промени на изборниот модел, при што најважна промена е државата да биде една изборна единица при избор на пратеници.
Со промените, како што посочи во изјава за медиуми претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, ќе се демонтира „еднопартискиот систем“, ќе се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, посебно на премиерот и министрите, а Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните кои ќе имаат можност на избор.
– Досега на секои парламентарни избори од 100 до 150 илјади гласови, согласно Донтовиот модел се прелеваа кај поголемите партии, се создаваа услови за авторитарно владеење и наместо владеење на правото имаме целосна партизација на државните институции, за се одлучуваат партиите на власт и целосна зависност на законодавната и судската власт од партиите, рече Трајанов.
Освен околу бројот на изборните единици, Трајанов наведе дека измени се неопходни и во врска со финансирање на изборната кампања, финансирање на редовната активност на партиите, медиумското преставување, редоследот на партиите на гласачкото ливче итн.
– Со промените на Изборниот законик треба да се создадат еднакви шанси за сите политички партии, додаде Трајанов.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани
-
Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата