Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз, вели Ковачевски
Државата нема никакви ингеренции во делот на јавниот превоз во Скопје или во кој било друг град во државата, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски по првиот панел од годишната конференција „Година на нови можности“ што се одржува втор ден во Скопје.
Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу ситуацијата со приватните превозници и Град Скопје, рече дека се работи за должничко-доверителни односи и оти тие меѓусебно мораат да најдат решение.
Приватните автобуски превозници вчера пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ излегоа со барање за средба со директорот за решавање на нивниот проблем со долгот, со цел да можат повторно да почнат со работа, но беа одбиени со образложение дека тој не е присутен и е на друг состанок.
Тие кажаа дека ќе побараат прием и кај скопската градоначалничка Данела Арсовска, како и кај премиерот Димитар Ковачевски, и доколку не бидат примени и од Градот Скопје и од Владата, тогаш како единствено излезно решение го гледаат протестот.
Ново на Сител
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево