Дождот ги зголеми водостоите, можни локални излевања
Врнежите од дожд во изминатото деноноќие ги зголемија водостоите на сите реки во земјава и можни се локални излевања. Најмногу дожд е наврнат во западниот дел од Македонија.
Според УХМР наврнати се во Лазарополе 92 литри на метар квадратен, Маврово 71, Пожаране 68, Крушево 65, Тетово 52, Скопје-Зајчев Рид 48, Дебар 43, Охрид 38, Претор 34, Тополчани и Битола 26, Прилеп 25, Берово 18, Крива Паланка 17, Виница осум, Демир Капија и Ѓуриште седум, Скопје-Петровец, Струмица и Штип шест, Дорајн четири и три литри во Гевгелија.
Водостоите се особено зголемени во горниот дел на Вардар и нејзините притоки во Полошко, горниот дел на Треска и нејзините притоки, Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, Сатеска и притоките, Голема Река, Брајчинска и останатите реки во Преспанско, горниот дел на Црна и притоките и како и на други останати помали водотеци и суводолици.
Од УХМР наведуваат дека намалувањето на температурите ќе го забави топењето на снегот од горните делови на сливовите, па постепено ќе се намалува дотекот на дополнителни количини на вода во реципиентите, но сепак очекувано е во речните сливови на посочените реки и понатака да има покачување на водостоите.
Поради високите водостои на водотеците можна е појава на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија и појава на заезерени површини во рамниците.
Од УХМР посочуваат дека и во Скопје водостојот на хидролошките станици е релативно високо, но под граница на излевање од малото корито, сепак поради стеснувањето во делот каде се гради мостот од тркалото можно е да се јават локални излевања.
Предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје