Дојран доби детско игралиште во чест и сеќавање на донорката на органи Емилија Динева
По повод две години од смртта на Емилија Динева, чие донирано срце, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство продолжи физички да живее, пријателите, роднините, соседите и почитувачите на нејзиното дело, ја исполнија нејзината желба да биде опкружена со деца и со донации го изградија новото детско игралиште во Дојран за трајно зачувување на споменот на нивната драга сограѓанка.
– Донаторите на органи, како нашата Емилија Динева, ќе останат засекогаш запаметени во поновата медицинска историја кај нас и нивните имиња ќе се споменуваат како синоним за добрина, хуманост и човекољубие, истакна дојранскиот градоначалник, Анго Ангов, при пуштањето во употреба на новото детско игралиште.
Ангов се заблагодари за добрината која Динева ја остави зад себе и, како што рече „ветуваме дека твоето име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ“
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје