Доделени наградите на 13. Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“
Краткиот документарен филм „Виолината на Џо“ на режисерката Кахана Куперман од САД е добитник на наградата „Златна потковица“ на 13. Меѓународен филмски фестивал „Астерфест“ што се одржува во Струмица.
Жирито во состав Срѓан Финк (Холандија), Наталја Алтхаузер (Германија) и Елена Мелончели (Италија) му додели „Сребрена потковица“ на документарниот филм „Жени“ на Анастасија Кузјакова од Русија и „Бронзена потковица“ на краткиот игран филм „Посетителите“ на Тео Пападулакис од Грција.
Првонаградениот филм е документарец за 91-годишниик кој го преживеал холокаустот. Тој ја донира својата виолина стара 70 години во акција за дарување инструменти и со тоа и го менува животот на 12-годишната ученичка од сиромашна област во Америка.
Документарецот „Жени“ на Анастасија Кузјакова од Русија е филм со потресно сценарио за повеќе од милион заболени од ХИВ кои живеат во Русија од кои повеќето се жени. Ги пренесува приказните за три жени кои живеат со вирусот повеќе од 10 години.
Доделени се и останатите награди на „Астерфест“: „Старозлатен проектор“ за краткиот игран филм „Одот на пијаницата“ на Пол Арменгол од Шпанија; Авторска награда „Ацо Алексов“ за документарецот „Лица“ на Ханис Багашов од Македонија; Награда „Ѓорѓи Абаџиев“ за најдобро сценарио за краткиот игран филм „Пеј“ на Кристоф Деак од Унгарија; Најдобар краток игран филм за „Живее“ на Елена Пискарева од Русија; Најдобар анимиран филм за „Авионот“ на Хесус Мартинез Нота од Шпанија; Специјална диплома од жирито за документарецот „Неред“ на Иља Желтјаков од Русија; Специјална диплома од жирито за краткиот игран филм „Интермецо“ на Душан Зориќ од Србија и Специјална диплома од жирито за анимираниот филм „Шетачот“ на Тибалт Шолет од Франција.
На програмата на „Астерфест“ вечер ќе бидат прикажани седум наградени кратки филмови од фестивалот Оберхаузен. „Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенција за филм на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба