Додека сите береле тутун, чичкото ја силувал внуката - нов хорор во Прилеп
Уште еден хорор ја потресе Македонија, маж извршил полови дејствија врз малолетно девојче од Прилеп.
- Вчера во 10.30 часот во станицата во Прилеп 37-годишниот Ј.Т. заедно со нејзината петнаесетгодишна ќерка, пријавила дека летото 2012 година Б.Т. од с.Заполжани, братучед на нејзиниот сопруг, во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз нејзината ќерка, која тогаш имала 11 години. Според мајката на девојчето, во периодот додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во с.Заполжани и, во собата каде што спиеле нивните деца, извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка. Тоа се случувало во период од две недели, се додека девојчето не му кажало на сторителот дека ќе го каже на нејзиниот татко. Оттогаш па се до 2015 година Б.Т. немал никаков физички контакт со девојчето. Во тој период и испраќал СМС пораки на мобилен телефон и пораки на Фејсбук. Истата, поради срам и страв не го пријавила делото. Во јули оваа година сторителот повторно во неколку наврати го повторил делото, соопштуваат од МВР
За настанот е запознаен Јавен обвинител.Полицијата презема мерки за целосн расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска