До Бирото за судски вештачења доставени 13.580 барања за штетите од мразот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска до Бирото за судски вештачења достави 13.580 барања за проценка на штетите од неповолните климатски настани (доцни пролетни мразеви), што се случија во април годинава.
Како што соопшти, станува збор за проценка на 49.556 и доставени барања од 27 општини: Охрид, Дебарца, Струга, Велес, Пехчево, Виница, Демир Хисар, Карпош, Неготино, Тетово, Кратово, Гостивар, Боговиње, Радовиш, Чаир, Струмица, Кочани, Крушево, Делчево, Гевгелија-Богданци, Македонски брод, Берово, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци и Ресен.
Се очекуваат барањата од уште пет општини, Гази Баба, Куманово, Кичево, Штип и Свети Николе, кои претходно беа вратени поради утврдени грешки во доставената документација.
Проценката на штетите ќе се спроведува согласно Законот за земјоделство и рурален развој и Уредбата за начинот на утврдување неповолен климатски настан, настаната штета, пресметување на загубата на приходот, пресметката на штетата, постапката за исплата на помошта.
Бирото треба да изготви извештаи со проценка на штетата во денари, поединечно за секој барател. Добиените извештаи од Бирото за судски вештачења, ќе бидат проследени за исплата до Агенцијата за финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета или известување ако не ги исполнува условите за обештетување.
МЗШВ наведува дека изминатите три месеци интензивно работи на забрзување на процесот на активностите во врска со исплата на обештетувањато на земјоделците од неповолните климатски услови што се случија во 2017 година.
Информира и дека за забрзување на целата процедура за исплата на обештетувањата, на 14.09.2017 година достави допис до Бирото за судски вештачења за враќање на документацијата за 11 општини, која претходно е доставена до Бирото за судски вештачења, а по која во Бирото не се постапуваше поради неусогласеност на договорот за соработка помеѓу МЗШВ и Бирото. Овој Договор бил потпишан од претходната власт која нарачувала проценки за продажба на земјоделско земјиште преку Бирото за судски вештачења, но не ги платила надоместоците за нив поради што Бирото барало да се надмине овој проблем за да може да продолжи постапката на соработка меѓу двете институции согласно Договорот.
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
