Директор на Канцеларијата за КиМ: Косово нема да биде држава, ниту Прешево ќе биде дел од Косово
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. коментирајќи ја изјавата на претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, изјави дека Косово никогаш нема да биде држава, ниту Прешево ќе биде дел од него.
- Кадри Весели нека не се радува, бидејќи Косово никогаш нема да биде држава, ниту Прешево, Медвеѓе или Ниш, некогаш ќе бидат дел од т.н. Република Косово. Но, Приштина била и ќе остане дел од Србија, а тој ќе биде српски државјанин, наведе Ѓуриќ во писмената изјава.
- Кадри Весели, познат по тоа што сака да се заканува со војна и одземање територии, треба да знае дека не е мудро да се заканува со насилство, посебно не на посилен од себе. Настапи време на дијалог, во кој проблемите не се решаваат со субверзивни напади од заседа, што нему како поранешен командант на терористичката ОВК, можеби не му е лесно да го разбере, но ќе има време да се соочи со реалноста, додаде Ѓуриќ.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг