Димитров во посета на Летонија и Литванија
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Летонија и Литванија, каде со високите претставници на двете земји ќе разговара во контекст на поддршка за европското досие на Македонија.
Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од групата „Пријатели на проширувањето“, вицепремиерот ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа.
Вицепремиерот, како што соопшти СЕП, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома.
Во рамки на денешната посета на Летонија, предвидено е вицепремиерот да оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на летонскиот Парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.
Во Литванија, пак во петок, како што соопшти СЕП, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas).
На средбите со своите соговорници во Рига и Вилнус, ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и интензивирање на економската и трговска размена.
Балтичката турнеја на Димитров ќе биде заокружена со посета на Естонија во почетокот на мај. Таа е продолжение на серијата посети на Димитров во главни градови на ЕУ земји членки.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори