Димитров по четврти пат ќе се обиде да реферира за надворешната политика
Во Парламентот денеска седници треба да одржат Комисијата за надворешна политика и Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.
Комисијата за надворешна политика треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров. Седницата на оваа Комисија досега беше неколкупати одложувана.
Министерот Димитров не успеа да се обрати пред членовите на Комисијата, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски бараше пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат да ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Материјалите, рече, се битни за меѓународната политика и за работата на министерот Димитров. Недоставувањето, според Милошовски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж.
Во понеделникот седницата беше презакажана за 1 август поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.
На дневен ред на оваа седница се и претставување на платформите за дипломатските активности на амбасадорите на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски, во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Александра Миовска и завршниот Извештај на Пајо Авировиќ, кој беше амбасадор во Израел.
Предлог-буџетското барање на Собранието на Република Македонија за 2019 година е единствена точка на дневниот ред на Буџетскиот совет на Собранието.
Ново на Сител
-
Лазаров оптимист пред дуелите со Естонија и Литванија
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот