ДИК: Одѕивот на гласање до 11:00 часот изнесува 11%
Со право на глас за предвремените парламентарни избори во избирачкиот список се 1.814.263 гласачи.
Според информациите на Државната изборна комисија од процентот на излезност до 11 часот правото на глас на ниво на држава го оствариле 11%, односно до 11 часот правото на глас го оствариле 199.495 граѓани.
Одзивот на гласачите по општините по изборна единица до 11 часот:
ИЕ1 - 13,7% (најголема излезеност има Општина Аеродром со 17,6%, Карпош 17,07, Кисела Вода 16,81%)
ИЕ2 - 9,64% (најголема излезеност има Општина Бутел 14,76%)
ИЕ3 - 13,08 % (најголема излезеност има Градско 19,03%, Крива Паланка речиси 17%, Лозово 17,03%, Пробиштип 20,69%)
ИЕ4 - 13,46% (најголема излезеност има Дојран 17,83%, Демир Капија 20,77%, Новаци 20,52%, Прилеп 16,55%)
ИЕ5 - 10,55% (најголема излезеност има Битола 16,91%, Демир Хисар 21,33%, Охрид 13,16%)
ИЕ6 - 6,04% (најголема излезеност има Тетово 8,13%)
На сите 3480 избирачки места гласањето се одвива непречено и не се пријавени се уште никакви инциденти на гласачките места.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје