Дијамант продаден за рекорден 71 милион долари
Дијамантот наречен „Розова ѕвезда", којшто има 59,6 карати беше продаден на аукцијата на „Сотбис“ во Хонг Конг, за 71,2 милиони долари.
Оваа цена е рекордна за кој било скапоцен камен. Дијамантот го купила хонгконшката компанија за скапоцени камења Чоу Таи Фук, добивајќи го наддавањето во натпревар со други два понудувачи, соопшти аукциската куќа.
Дијамантот пред наддавањето беше проценет на 60 милиони долари. Тоа е најголемиот совршено блескав розов дијамант којшто кога било е ставен на проценка во Американскиот гемолошки институт, додаваат оттаму.
Дијамантот првпат требаше да биде продаден за уште повисока сума - 83 милиони долари, во Женева пред три години, но продажбата пропадна оти купувачот непосредно потоа банкротирал.
„Розовата ѕвезда" е ископана во Африка во 1999.
Претходниот најскап дијамант беше „Опенхајмер блу", продаден за 57,6 милиони долари.
Ново на Сител
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога