-->
-->
Ди Марија: Ван Гал е причината што заминав
-->
Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија конечно даде побјаснување зошто по една година го напушти премиерлигашот Манчестер Јунајтед. Проблемот настанал по кавга со менаџерот Луис Ван Гал.
- Една од причините поради кои заминав беше филозофијата на Ван Гал. Тешко ми беше да се вклопам и имав кавги со него, изјави Ди Марија за медиумите во Аргентина.
Ди Марија истакнал дека по повредата менаџерот му ја сменил позицијата и тука почнале проблемите.
- Во разговорот со Лоран Блан (тренер на ПСЖ) ми е кажано дека ќе играм на истата позиција на која играв во Реал Мадрид, изјави аргентинскиот репрезентативец.
На дебито во дресот на ПСЖ во неделата Ди Марија асистираше на третиот гол за својата нова екипа и така директно влијаеше на победата од 3:0 на ПСЖ против Монако на гости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи