Детската градинка во Дебар доби систем на санитарна топла вода со сончеви колектори
Во детската градинка „Брешија“ во Дебар денеска беше предаден во употреба систем на санитарна топла вода со сончеви колектори, со моќност да обезбеди топла вода во текот на 200 дена во годината.
Проектот е реализиран од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион со седиште во Струга, во соработка со општина Дебар.
Системот во употреба го предадоа градоначалникот на Дебар Ружди Љата, директорката на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозановска и директорката на градинката „Брешија“ Ајрије Дачи.
- Овој зафат е многу значаен за оваа институцијата каде децата се згрижени, се воспитуваат и социјализираат за да израснат во вистински личности. Нашата спработка со Центарот за развој на ЈЗПР е на високо ниво и се очекува реализација на други проекти, рече меѓу другото градоначалникот Љата.
Директорката на Центарот, Лозановска нагласи дека, Центарот со кој раководи таа, опфаќа девет општини. Според неа и во иднина ќе бидат поддржани и други проекти со цел да се придонесе во создавање што подобри услови во градинаката.
За директорката на детската градинка „Брешија“ Ајрије Дачи ова значи многу во правец на заштеда на финански средства, кои би се пренасочиле за други цели во интерес на децата.
Во дебарската градинката згрижени се над 300 деца.
Ново на Сител
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ
-
Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата
-
Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
-
Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка