Детектор: Децата поминуваат премногу време на интернет и тоа има лошо влијание врз нив

Две третини од граѓаните сметаат дека интернетот негативно влијание врз децата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 66,6% од граѓаните го оценуваат како негативно влијанието на интернетот врз децата, додека 24,3% сметаат дека има позитивно влијание. Според етничката структура, 71,3% од Македонците сметаат дека интернетот има негативно влијание врз децата додека кај етничките Албанци процентот на граѓани кои гледаат негативно влијание изнесува 49,4%. Позитивно влијание на интернетот врз децата гледаат 20,4% Македонците и 37,9% етнички Албанци.
Над три четвртини од граѓаните сметаат дека децата поминуваат премногу време на интернет. Ваков став делат точно 78,8% од анкетираните додека само 2,3% сметаат дека децата поминуваат премалку време на интернет. 11,6% од граѓаните се на ставот дека времето што го поминуваат децата а интернет е соодветно.

Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Ново на Сител
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
