Детектор анкета: Албанците сметаат дека Македонија е подготвена да се справи со кризата – Македонците не се согласуваат
Македонците и Албанците поделени околу капацитетот на државата да се справи со енергетската криза, покажува најновата анкета која за Детектор ја изработи Институтот за политички истражувања - Скопје
Според неа, 57,9% од анкетираните се на ставот дека не сме подготвени за справување со енергетската криза, додека 32,6% делат став дека сме подготвени.
Анализата на етничката структура на испитаниците по ова прашање покажува дека Албанците се поголеми оптимисти од Македонците. Мнозинството Албанци се на ставот дека сме подготвени да се справиме со кризата. 61,5% од Македонците и 44,4% од етничките Албанци се убедени дека не сме подготвени за кризата, додека подготвеност регистрирале 28,5% Македонци и 47% етнички Албанци.
Сепак, мнозинството граѓани или 51,1% од анкетираните очекуваат земјава да има доволно енергенси за да ја помине зимата, наспроти 35,3% кои стравуваат дека енергенси нема да има.
Мнозинството граѓани очекуваат цената на енерегенсите да продолжи да расте и оваа година. 27,5 очекуваат големо зголемување, а 36,3% очекуваат цените донекаде да се зголемат. 15,8% не очекуваат промени а 9% очекуваат донекаде да се намалат. Само 2,1% од анкетираните очекуваат цените на енергенсите да се вратат на нивото од пред кризата.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември
Ново на Сител
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
