-->
-->
Дерби во Минхен, Баерн ја пречекува Борусија Дортмунд
-->
Во фудбалскиот шампионат на Германија денеска ќе се одигра големото дерби во Бундес лигата и тоа во Минхен каде Баерн ќе ја пречека екипата на Борусија од Дортмунд.
Иако по 27 одиграни кола Баварците се на лидерската позиција на табелата со дури 15 бодови повеќе од „Милионерите“ кои се четврти, сепак секоја пресметка меѓу Баерн и Борусија Дортмунд е големо дерби во германскиот шампионат. Така ќе биде и овојпат на „Алијанц Арената“ во дуелот кој ќе биде последен од денешната програма, а кој ќе започне од 18 часот и 30 минути.
Претходно во терминот од 15:30 часот ќе се играат натпреварите:
Келн - Борусија Менхенгладбах,
Фрајбург – Мајнц,
Хамбургер – Хофенхајм,
Лајпциг - Баер Леверкузен и
Шалке – Волфсбург.
За утре закажани се последните две средби, Херта – Аугсбург и Инголштат – Дармштат, додека во воведниот меч од ова коло кој се одигра синоќа Ајнтрахт и Вердер играа без победник 2-2.
Табела: Баерн Минхен 65 бодови, Лајпциг 55, Хофенхајм 51, Борусија Дортмунд 50, Келн 40, Херта 40, Ајнтрахт 38, Фрајбург 38,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба