-->
-->
Денеска се навршуваат девет години откако загина Тоше Проески - Еве што изјави Цеца
-->
Денеска се навршуваат девет години откако Тоше Проески (26) загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.
Заминувањето на пејачот кој го красеше скромноста и хуманоста како и голем музички талент, тогаш предизвика шок на Балканот.Ни денеска не се промени многу од тогаш. Многумина и понатаму патат за него, а една од нив е и Цеца Ражатовиќ.
- Таква легенда никогаш не умира!Тоше е присутен во сите нас низ неговата музика. Остави голем и неизбришлив траг. Јас ќе го паметам како прекрасен, брилијантен човек кој прерано не напушти, вели Цеца.
Родителите на Тоше, мајката Доменика и таткото Никола и понатаму не сакаат да зборуваат за синот додека сестрата Дорагодина ипол после смртта на својот брат изјавила дека никогаш нема да се помири со неговото заминување и дека го сонува денот кога тој ќе се врати.
Семејството Проески денеска ќе му оддаде почит на неговиот гроб. Одбележувањето на деветгодишнината започнало во петок во Нова Градишка, каде во попладневните часови пред споменикот Проески ќе биде положено цвеќе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа
-
Состојба на патиштата