Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
Струмица доби дел од моштите на Свети Стефан. На денот кога се празнува споменот за него, скопскиот бискуп и струмичко скопски епарх д- р Киро Стојанов донесе дел од моштите на првомаченикот во католичката црква ,,Раѓање на свети Иван Крстител,, во Струмица. И покрај тоа што светите мошти подолго време се наоѓаат во Македонија тие за прв пат беа изнесени пред верниците во државата.
Моштите во Струмица беа пречекани со посебна свеченост и во присуство на голем број верници. Според најавите на владиката Стојанов тие ќе останат во трајно поседување на црквата ,,Раѓање на свети Иван Крстител,, за да може верниците да се поклонат и помолат пред нив.
Во чест на празникот посветен на Свети Стефан синоќа беше одржана вечерна богослужба, а денеска света архиерејска литургија на која служеше и владиката Киро Стојанов.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар