Македонија
7. јуни 2023 - 21:14

Дали широка влада без ДУИ е точката на можен договор за уставни измени?

Со дијаметрално спротивни ставови и неколку понуди на маса неизвесно е дали власта и опозицијата може да постигнат договор за завршување на процесот на уставни измени. Експертската јавност оценува дека понудените предлози можат да го продолжат дијалогот на релацијата власт- опозиција, но понудата за влада на национално единство е невозможна.

Аналитичарот Муслиу сепак вели дека лидерското соочување на Кавачевски и Мицкоски е позитивен сигнал. Оптимист е дека договор за менување на Уставот сепак може да се случи.

По низата понуди и улови, копјата се кршат околу моментот кога треба да стапат на сила евентуални уставни измени. Власта се повикува на преговарачката рамка, каде стои дека стапуваат на сила со втората меѓувладина конференција. Опозицијата пак не прифаќа измени под вакви услови, во случај  тие да се случат да почнат да важат со почетокот на ратификацијата на членството во ЕУ.