Балкан
23. April 2017 - 13:06

Дачиќ утре ќе одржи состанок со Хан

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ утре ќе престојува во Брисел, каде ќе одржи состанок со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. 

Дачиќ и Хан ќе разговараат за актуелната состојба на преговарачкиот процес на Србија и перспективите за понатамошно отворање на новите поглавја, ситуацијата во регионот, како и за регионалната соработка на Западен Балкан во контекст на подобро поврзување во регионот, со цел негово поскоро пристапување кон Европската унија, стои во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.

Ново на Сител