Дачиќ и Лавров за дијалогот меѓу Белград и Приштина
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ во рамките на официјалната посета на Москва разговараше денеска со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од Собранието на Србија, темите на разговорот „во пријателска и пријатна атмосфера“ биле дијалогот меѓу Белград и Приштина, ситуацијата во регионот, настаните на глобалната политичка сцена.
-Министерот Лавров уште еднаш подвлече дека Руската Федерација ќе продолжи да и дава поддршка на Република Србија во зачувување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, како и дека ќе прифати решение за Косово и Метохија што е прифатливо за Србија, се наведува во соопштението.
Лавров и Дачиќ „изразија подготвеност да продолжат да придонесуваат за натамошен развој на стратешките односи на двете земји на билатерален и мултилатерален план“.
Рускиот министер за надворешни работи го информираше Дачиќ за претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден во Женева во јуни.
Дачиќ порачал дека „парламентарната дипломатија е силен механизам за соработка и подобрување на односите“ и дека по успешните разговори со претседателите на Државната дума Владимир Володин и претседателот на Советот на федерацијата Валентин Матвиенко, тој бил „подготвени да вложи максимални напори за зајакнување на оваа соработка” особено во рамките на работата на Комисијата за соработка на двата парламента, чија следна седница е планирана до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка