Д-р Пановски: Јас прв ќе се вакцинирам со кинеската вакцина
Професорот од Медицинскиот факултет, Никола Пановски, вели дека вакцината од „Синофарм“ е класична вакцина произведена од мртов вирус, не е направена со нова технологија.
Тој посочува дека детали околу самите вакцини, кои со сигурност може да се потврдат ќе се знаат за две-три години.
-Некој лани да ми речеше дека би требало да се вакцинирам со вакцина од Истокот, веројатно ќе беше навреда, а сега излегува дека тоа е добра опција. На квалитетот на вакцината треба да се гледа како за некој друг бренд. Во однос на вакцините можеме да се потпреме и на истокот и земјите како Индија и Кина кои се гиганти. Производите им се рамни на западните, се надевам дека и вакцините се такви, квалитетни. Според ова што го гледаме како се справува западот, не треба источните опции да се отфрлаат. Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам, вели Пановски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива