Д-р Барбов: Лицата кои прележале Ковид-19 по неколку месеци имаат сериозни невролошки нарушувања
Директорот на Клиниката за неврологија доктор Иван Барбов вели дека наскоро на оваа клиника ќе се отвори постковид амбуланта, каде што ќе може да доаѓаат пациенти со невролошки последици од Ковид 19. Нивниот број, како што додава тој, е голем.
– Невролошките последици се многубројни, најчести се вртоглавица, проблеми со меморија, главоболка. Тие се полесни, но во нашата практика кај прележани пациенти со ковид-19, по неколку месеци гледаме и сериозни невролошки нарушувања, кои се движат од губење на чувството за вкус и за мирис, па сѐ до воспаление на мозокот. По прележувањето на ковид-19, сега гледаме дека има голем број пациенти кај кои се создаваат автоимуни болести. Антителата ги напаѓаат сопствените органи. Општата слабост и губењето на меморијата траат неколку месеци и се повлекуваат, но компликациите како мозочен удар поради зголемената склоност на крвта кон тромбоза, траат со години, затоа што тука веќе има парализа на раката, ногата и говорот – изјави доктор Барбов за „Слободен печат“.
Ново на Сител
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка
-
18-годишник од Скопје обљубил малолетничка
-
Полицаец во дебарско враќајки го пиштолот од кој предходно пукал во футрола, си ја повредил ногата