Циклонот Ален пристигна - силно невреме во земјава
Под влијание на циклонот Аленврнежите од запад веќе започнаа и понатаму ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни со што количеството на наврнат воден талог ќе изнесува од 20 до 30 л/м2. Локално ќе има развој и на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на некои места можни се поинтензивни атмосферски процеси проследени во форма на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Врнежите ќе продолжат и утре кога повторно има услови за поинтензивни атмосферски процеси проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.
Ќе дува јужен ветер кој повремено ќе биде засилен по интензитет на некои места додека утре навечер и во текот на ноќта кон вторник истиот ќе го промени правецот во северозападен и во северен со што од север ќе започне спуштање на значително постудена воздушна маса па така на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег со што ќе има услови и за формирање на нова снежна покривка. Сеуште слаби локални врнежи од дожд и снег на планините ќе има во вторник кога ќе дува засилен северен и северозападен ќе биде и најсвежиот ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени и истите ќе се значително под просекот за овој дел од годината. Особено студено ќе биде во среда наутро и тоа поради намалувањето на облачноста и поради понатамошниот продор на студен воздух од север па така наутро температурите на некои места ќе се спуштат под нулата со што и растат условите за појава на мраз, истите ќе се спуштат во интервалот од -3 до 5 степени додека пак на високите места и планини ќе биде уште постудено.
Ново на Сител
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ
-
Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот за нуклеарната програма
-
Сончево и топло, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец
-
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО