Чулев: Ниту Наќе е „луд“, ниту полицијата е виновна што дел од политичарите од власта не се грижат за своето здравје
Министерот Наќе Чулев вечерва преку социјалните мрежи излезе со статус за ситуацијата со коронавирусот и со низа обвинувања за власта.
Тој вели дека коронавирусот е државен, а не политички или партиски проблем, но ги обвинува претставниците на власта дека брзајќи да најдат виновник во спротивните политички редови заборавиле да се грижат за сопственото и за здравјето на граѓани.
„Тоа доведе до состојба во која секојдневно имаме фрапантни бројки на новозаразени од коронавирусот, а дел од нив се токму од редовите на СДСМ. Ниту Наќе е ’луд‘ како што би рекол Шилегов, ниту пак полициските службеници се виновни што дел од политичарите од власта не водат грижа за сопственото здравје. Исто така МВР не е виновно што дополнителниот заменик министер Петровска не ги почитува препораките за групирање. За каква одговорност пред граѓаните зборуваме, кога тие со своите постапки покажуваат исклучителна ниска одговорност за своето здравје? Како да очекуваме тие да го заштитат здравјето на граѓаните кога не се способни да го заштитат своето здравје?“, пишува Чулев.
Тој понатаму апелира политичарите да покажат високо ниво на одговорност.
Од друга страна, пак, СДСМ постојано го обвинува Чулев дека кај него е дел од одговорноста за состојбата со коронавирусот поради непостапување на полицијата.
Социјалдемократите ја обвинуваат и ВМРО-ДПМНЕ дека со предвремената кампања без маски, дистанца и со групирања покажува колку се „грижи“ за здравјето на граѓаните.
„По партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, без дистанца, а маски ретко кој и да носеше, вчера во Струмица, Мицкоски и членови на ВМРО-ДПМНЕ повторно беа на дело со прекршување на задолжителните мерки. Но, како тоа да не беше доволно, Мицкоски пред јавноста изјави дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампања ќе биде меѓу народот, нема да се крие зад цитирам: сметачките машини, зад екраните, туку ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот и во следните 25 дена и во оние 20 дена кои што ќе бидат дел од кампањата, и на крај со порака граѓаните да ги очекуваат“, рече денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија