Четиринаесет криминалци убиени во престрелка со полицијата во мексиканската држава Веракруз
Четиринаесет осомничени криминалци вчера беа убиени во престрелка со војници и полицајци во источната мексиканска држава Веракруз, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалните власти.
Државната полиција соопшти дека престрелката почнала кога вооружени мажи нападнале полициски патролен автомобил во градот Хесус Каранса. Во подршка на полициската патрола биле испратени маринци, кои, исто така, се нашле под рафален оган. Во пресметката биле убиени 14 напаѓачи, а непознат број побегнале.
Во истиот регион во саботата имало уште една престрелка во која биле убиени тројца осомничени криминалци, потсетуваат американските медиуми.
Агенциите потсетуваат дека во државата Веракруз, во Мексиканскиот залив, државата води војна со наркокартелите и во неа редовно има убиства и киднапирања.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток