Четири нови лица со морбили примени на болничко лекување изминатите 24 часа
Од прегледани 10 пациенти со клинична слика на морбили во изминатите 24 часа, вкупно четири се примени на болничко лекување. Хоспитализирани се осумгодишен вакциниран ученик од село Илинден од Скопје, невакцинирано едногодишно дете од Чаир, невакциниран 45-годишник од Студеничани и невакцинирано осуммесечно дете од Студеничани. Ова денеска го изјави доктор Владимир Микиќ, претставник од Комисијата за заразни болести.
Како што посочи Микиќ, амбулантски се прегледани уште шест пациенти и се упатени на домашно лекување.
– Меѓу нив имаме невакцинирано осуммесечно дете од Тетово, 41-годинишник од Тетово без податок за вакцинирање, 40-годишник од Гостивар за преглед и три пациенти од Скопје, од кои двајца се возрасни, вакцинирани со полесна клиничка слика и осумгодишно дете од Сарај вакцинирано, рече Микиќ.
Додаде дека во моментот на Инфективната клиника има вкупно 36 хоспитализирани пациенти, од кои 19 се возрасни и 17 се деца.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР