-->
-->
Четири лица загинаа при ураганот Флоренс во Северна Каролина
-->

Првите жртви се мајка и бебе кои загинале откако паднало дрво врз нивната куќа во Вилмингтон. Таткото е хоспитализиран.
Една жена почина од инфаркт во Пендер Каунти откако болничко возило не успеало да стигне до нејзиниот дом поради блокадите на патиштата предизвикани од ураганот.
Четвртиот човек загина во округот Ленор, обидувајќи се да го вклучи неговиот генератор.
Националниот центар за урагани во Мајами синоќа соопшти дека силата на Флоренс е намалена до тропска бура, но предупреди дека се уште се очекуваат животозагрозувачки налети на ветрот и катастрофални поплави во делови од Северна и Јужна Каролина.
Прогнозата е дек во теков на викендов стихијата значително ќе ослабне. Во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми
-
Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
-
Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило