-->
-->
Честитки од АМС за успехот на членовите на Специјалната олимпијада
-->
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасовски денеска се сретна со членовите на Специјалната олимпијада Македонија кои на Летните олимписки игри освоија две златни, шест сребрени и четири бронзени медали.
Спасовски им честиташе на олимпијците за постигнатиот успех на Олимписките игри што се одржаа во САД, а на кои учествуваа 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177.
Олимпијците упатија благодарност до Владата со чија помош беше реализирано патувањето и учеството на Летните олимписки игри.
На ова натпреварување со златни медали беа наградени Јулијана Петровска на 100 метри атлетика и Марио Мицковски на 25 метри пливање. Сребрен медал освоија Ајвази Себат на 200 и 400 метри атлетика и Марио Мицковски и Стефан Трпковски на 50 метри во пливање-слободен стил. Посебно остварување е среброто во првиот настап на Унифајт-тимот во кошарка. Бронзи освоија пинг-понг тимот составен од Фатиме Бељур и Давид Стојановски и пливачите Стефан Трпковски и Јована Павловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг