Честитка од Трамп до Мета по повод Денот на независноста
Честитка до шефот на државата Илир Мета, по повод 28-ми ноември Денот н независноста на Албанија и Денот на националното знаме, упати претседателот на САД Доналд Трамп.
Тој во честитката наведува дека е горд за силните односи меѓу Албанија и САД и оти Албанија останува нивен скапоцен сојузник.
„Честитки Претседателе. Горди сме за силните односи меѓу нашите два народа и значајните постигнувања кои заедно сме ги реализирале. Албанија е наш скапоцен сојузник, кој дал значаен придонес за регионалната глобална безбедност“, стои во честтката на Трамп.
Честитка до Мета упати и рускиот претседател Владимир Путин во која искажува убеденост дека развојот на кунструктивните односи и билатералната албанско-руска соработка во сите области ќе биде во интерес на народите на двете земји,но и за цела Европа.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, покрај другото во честитката наведува дека Албанија за Германија е близок доверлив партнер во Западен Балкан и драгоцен европски партнер.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник