Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот на Собранието Талат Џафери лично и од име на пратениците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тој им посака денов да го поминат во добро здравје и расположение, во кругот на нивните најмили, со максимално почитување на здравствените протоколи.
– Бошњачката заедница во Република Македонија е неделив дел од ткивото на нашата заедничка држава во која секој придонес, било индивидуален или колективен е значаен придонес во насока на развојот и просперитет на државата. Нашите различности и особености, како јазикот, традицијата, културата, обичаите не прават посебни и нивната промоција, нивното негување, почитување и заедничко празнување го збогатува општествениот живот на државата и го разубавува секојдневието на нашите граѓани. Заедничкото празнување на празниците значи и меѓусебното запознавање и взаемно почитување, и тоа е единствениот начин и најдобра формула за градење на успешна приказна за Република Македонија, се вели во честитката упатена од Џафери.
Заедно, порачува, да изградиме напредна, безбедна, стабилна држава, држава со европски вредности и стандарди на почитување на човековите права, слободи и различности, држава на која ќе бидат горди поколенијата што доаѓаат после нас.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости