Честитка од Џафери по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето
Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето, упати честитка до припадниците на албанската заедница во Република Северна Македонија, со желба празникот да го поминат во свечена атмосфера во топлиот семеен круг, каде и да се наоѓаат низ светот.
– Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, припадници на албанската заедница, дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, со особена радост да Ви упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се. Би сакал овој ноември да не не најдеше со олку трогателни вести кои доаѓаа од сите страни и прославувањето да беше во некоја посвечена атмосфера, се вели во честитката на спикерот Џафери.
Посакувам нашата заедничка определба за европска интеграција, се вели во честитката, да биде единствениот патоказ кој што ќе не поттикнува да работиме со посветеност и да станеме што побрзо дел од големото европско семејство каде ќе можеме сите заедно да го дадеме нашиот придонес за еден подобар свет за младите генерации.
Ново на Сител
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното