Честитка до Евангелско-методистичката црква по повод Божик

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Божик упати честитка до свештенството и верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија.
- Во овие возвишени и среќни празнични денови дозволете ми Вам лично, на свештенството и на верниците на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод празникот раѓањето Христово-Божик. И оваа година го славиме Божик во духот на мирот и заедништвото, поттикнати од идејата за зачувување и негување на највисоките човечки вредности, во што особен придонес има Евангелско-Методистичката Црква, која во нашата земја како и во целиот свет ги афирмира највисоките духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници кон нивна подобра и посреќна иднина, се наведува во честитката.
Воедно, се додава, отварањето на срцата на милиони луѓе да ја примат божјата љубов која најмногу зрачи на овој ден, претставува вистински предизвик и мисија која треба сите заедно да ја остваруваме и негуваме понатаму.
- Раѓањето Христово е чудо над чудата, празник над сите празници. Денот на Неговото Раѓање е ден кога голема радост му се објави на светот. Прво скришно во пештерата во Витлеем, а потоа и во целиот свет одекна големата вест и ја поттикна верата осветлувајќи го секое човечко срце. Само преку божјата љубов и споделување на радосната вест за Христовото раѓање можеме да ги отвориме нашите срца и да го разбудиме духовниот извор на спасението. Секој од нас е божје чедо и ја поседува најголемата дарба, а тоа е да се радува на божјата љубов, стои во честитката.
Затоа, се додава, за време на Божик, во молитвите, да ја разбудиме бескрајната љубов која денес му се откри на човекот, и во духот на мирот и заедништвото да се исполниме со евангелска љубов и божикна радост. Да се поклониме пред новородениот Спасител и заедно со ангелите да запееме: „Слава на Бога во височините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”. ХРИСТОС СЕ РОДИ!.
Ново на Сител
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
-

Пронајдени 10 мигранти, приведен 24-годишник од Албанија
-

Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот
-

Меѓународен ден на детето: Со мировно образование до праведно и инклузивно општество
-

Уставниот суд поведе постапка за линеарнотo зголемување на пензиитe
-

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор
