-->
-->
Чешката Влада ќе ги намалува платите на менаџерите во државните фирми
-->
Чешкото Министерство за финансии најави дека со менување на правилата за бонуси и надоместоци ќе се обиде да ги „скроти“ платите на менаџерите на државните и полудржавните компании.
Според планираните измени, повеќе нема да се случува менаџерите кои ја напуштаат фирмата да добиваат огромни суми како надоместок, а се планира и менување на структурата на плаќање.
Претходно, Буџетот беше оптеретен кога поранешниот менаџмент на аеродромот во Прага, си исплатил речиси осум милиони евра за приватизација на компанијата која подоцна се одложи.
- Ги заоструваме условите при завршувањето на функцијата и пред се структурата на целокупната исплата на надоместоци, изјави за весникот „Право“ шефот на државната каса, министерот за финансии Андреј Бабиш.
Според него, новина ќе биде клаузулата за конкуренција или отстапнина во должина од шест месеци.
Доколку менаџерот биде разрешен нема право на никаква исплата. Од досегашните информации е познато дека постојат различни исплати во различни ресори. Некаде се исплаќаат дванаесет месечни исплати врз основа на клаузулата за конкуренција и двојна или шестократна отстапнина во висина на просечниот месечен приход. Годишниот приход на најдобро платените директори на државни и полудржавни фирми се движи меѓу 100.000 и 200.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот